Насловна / Вести / Речиси половина од глобалното затоплување е предизвикано од само пет земји

Речиси половина од глобалното затоплување е предизвикано од само пет земји

Еден нов научен труд носи увид во листата на светски земји кои се најодговорни за климатските промени и колку изнесува нивниот удел во одговорноста, во однос на емисиите на јаглерод диоксид, метан и азотни оксиди. САД, Кина, Русија, Бразил и Индија се петте држави кои со своите активности во секторот на фосилни горива и користење на земјиштето, највеќе придонеле за климатските промени во периодот од 1851 до 2021 година, открива истражувањето кое неодамна е објавено во часописот Scientific Data.

half1

Средната температура на Земјата од почетокот на индустриската револуција пораснала за 1,1 °C. Кога би ги изолирале кумулативните емисии на јаглерод диокисид, метан и азотни оксиди, глобалното загревање би било нешто повисоко, односно околу 1,6 °C. Важно е да се нагласи дека истражувачите во своите проценки за порастот нa температурите не ги вклучиле аеросолите и сулфур диоксидот кои имаат ефект на ладење, така што севкупното загревање за кое се одговорни државите, би било нешто пониско.

half2

Податоците покажуваат дека речиси половината од забележаниот раст на температурите низ историјата, односно 0,74 °C, е предизвикан од пет земји и тоа: САД (0,28 °C), Кина (0,2 °C), Русија (0,1 °C), Бразил (0,08 °C) и Индија (0,08 °C). Кога Европската унија би се анализирала како една држава, би била на третото место на загадувачи, пред Русија, Бразил и Индија. Според пресметките, најголем дел од глобалното затоплување настанува заради фосилните горива и индустријата (1,06 °C), додека влијанието од користење на земјиштето е двојно помало (0,55 °C). Но, овој удел се разликува од земја до земја. На пример, во Бразил користењето на земјиштето ја загреало атмосферата три пати повеќе отколку фосилните горива.

half3

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top