Mercedes-Benz прославува голем јубилеј, 500.000 произведени примероци од G класата, а по тој повод им оддаде почест на претходните верзии со специјален уникатен ретро модел. Робустниот теренец прв пат се појавил во 1979 година. Специјалната G класа има задача да потсети на моделот 280 GE од 1986 година. Ретро каросеријата е лакирана во агаве зелена боја, решетката на ладилникот е во црна боја, а предните светла имаат мрежеста заштита.
Седиштата имаат ретро навлаки, а рачката на страна на возачот има ознака No. 500.000. Ентериерот не се менувал многу во текот на годините, но G класата значајно еволуирала од 1979 до денес. Првично се нудела со четри мотори со моќност од 71 до 148 hp, а денес е многу помоќен. Германската компанија работи и на освежена G класа, која ќе донесе суптилни промени на дизајнот, но и на погонот. Кога ќе се појави на пазарот, засега не се соопштува.