Насловна / Арт и дизајн / Двата најпознати прста: Симболиката зад Создавањето на Адам на Микеланџело (ВИДЕО)

Двата најпознати прста: Симболиката зад Создавањето на Адам на Микеланџело (ВИДЕО)

Во 1508 година, Микеланџело Буонароти имал 33 години. Немал искуство во фреско сликарство, но по барање на папата Јулије II морал да наслика таван од 600 метри квадратни, висок 18 метри. Кога конечно завршил со сликањето во 1512 година, секој што се нашол под сводот на Сикстинската капела останал без здив.

а

Во центарот на композицијата се нашле девет сцени од Книгата на Битие: создавањето на небото и земјата, Адам и Ева, приказната за Ное. Но и фреската Создавањето на Адам, на која Бог се обидува да ја допре раката на човекот. Со текот на времето, ова ремек-дело стана едно од најпознатите слики во историјата на светското сликарство.

На неа се гледа како Бог ја подава раката, носен од ангели. Додека зад негвиот грб се наоѓаат голи фигури, од кои една според многу историчари на уметност е и Ева. Во спротивност со нивните љубопитни погледи се наоѓа Адам, кој лежи на Земјата и делува како едвај да ја подава рака за да ја прими „искрата на животот“ од Бога.

Иако основниот дел од композицијата го сочинуваат Бог од едната страна и Земјата со Адам од другата страна, меѓу нив е сино небо на кое се наоѓаат рацете. Всушност, тоа е точката каде што се спојуваат двете енергии и го претставува делот каде симболично стои љубовта на Отецот и вечниот јаз меѓу божественото и човечкото.

Испрати коментар

Scroll To Top