Насловна / Архитектура / Предавање – Миграција од AutoCAD во REVIT во две недели

Предавање – Миграција од AutoCAD во REVIT во две недели

Во склоп на активностите на Smart Solutions –  авторизиран партнер на Autodesk во Македонија заедно со Комората на овластени архитекти и овластени инженери, се организира Autodesk предавање во живо – трето од низата БИМ активности оваа година.

Главен предавач на овој настан ќе биде добро познатиот БИМ експерт Никола Стрезовски од МАСОН Инженеринг и ќе говори на темата: „Миграција од AutoCAD во REVIT во две недели“.

mail

Агенда на настанот:

09:30-10:00 – регистрација и кафе за добредојде

10:00-10:05 – добредојде од претставници на КОАОИ и Smart Solutions

10:05-11:05 – Никола Стрезовски | „Миграција од AutoCAD во REVIT во две недели“

11:05-11:20 – прашања и одговори

Предавач:

Никола Стрезовски | Архитект, Масон Инженеринг

Никола Стрезовски е архитект кој е целосно посветен на проектирањето, но долг период е и во образованието како предавач и демонстратор на АФС УКИМ и ФОН на повеќе проектантски предмети, но и на предмети од областа на CAD/3D/Rendering.

Професионално е ангажиран во Масон Инженеринг, градежна компанија од Скопје, која активно воведува новитети во градежништвото. Автор е и на голем број на архитектонски проекти од сите области, како и голем број на изведени објекти. Зема учество на архитектонски конкурси, на кои има добиено 9 први места.

Информации за настанот:

Дата и час: 25 април 2023 година (вторник), 09:30 часот

Место на настанот: Сала за конференции на Комора ОАИ

ВАЖНО: Регистрацијата се врши на веб страната на Комората >

mail (1)

Испрати коментар

Scroll To Top