Насловна / Вести / Како прозорец да постигне истото ниво на изолација како и изолираниот ѕид?

Како прозорец да постигне истото ниво на изолација како и изолираниот ѕид?

Благодарение на прозорците, нашите домови имаат природна светлина, но и губат топлина. Со цел да се намали оваа загуба во текот на изминатите децении додадено е уште едно стакло. Помеѓу двете стакла обично има воздух како изолација.

За да ги подобрат изолационите својства на двоструко застаклените прозорци, научниците од Универзитетот во Колорадо додале проѕирен аерогел, а нивното истражување е објавено во списанието Nature Energy.

p1

Аерогелот е всушност гел кој има џебови со воздух во себе. За да го направат, истражувачите натопиле со вода нановлакна од целулоза екстрахирана од дрво. Потоа, ги одвоиле нановлакната и ги потопиле во раствор од етанол.

Нановлакната ги загреале во печка под притисок, што довело до замена на џебовите од етанол со воздух. На крајот, проѕирните нановлакна ги обложиле со водоодбоен материјал за да не доаѓа до кондензација помеѓу стаклата.

p2

Кога вака добиениот производ го поставиле меѓу две стакла, научниците утврдиле дека е добиено повисоко ниво на изолација. Со создавање на поголемо растојание помеѓу стаклата може да се постави повеќе материјал и да се подобри изолацијата, а тестот покажал дека ако растојанието помеѓу стаклата е 2,5 сантиметри се добива исто ниво на изолација како кај изолиран ѕид.

Со понатамошно испитување, научниците откриле дека аерогелот пропушта светлина од 97% до 99% во видливиот опсег и истакнуваат дека во овој поглед е подобар од стаклото, додека факторот на замаглување е помал од 1%.

Испрати коментар

Scroll To Top