Europa Nostra, европскиот глас на граѓанското општество посветен на културното и природното наследство, и Институтот на Европската инвестициска банка (ЕИБ) објавија листа на седум најзагрозени споменици и локалитети на културно наследство во Европа за 2023. година во која оваа иновативна програма ја одбележува својата десетгодишнина.
Свети Стефан, Црна Гора
Она што ни е особено интересно во регионое, но не и да се гордееме, е фактот што на списокот се најде по еден локалитет од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, а станува збор за Бистричка воденица кај Петровац на Млава, Културниот пејзаж Свети Стефан во Паштровиќи и Партизанските спомен гробишта во Мостар, кои ги проектирал познатиот југословенски архитект професор Богдан Богдановиќ.
Партизанските спомен гробишта во Мостар, БиХ
Порака за надеж, солидарност и поддршка
На списокот на седумте најзагрозени се и Железничката станица во Кортријк (Белгија), тврдината Чаквињи во Зугдиди (Грузија), комплексот куќи на калуѓерки, поранешната моравска населба во Клаинвелка (Германија) и Мементо паркот во Будимпешта (Унгарија), а веста беше објавена за време на онлајн настанот на кој присуствуваа предлагачите и претставниците на избраните локалитети.
Чаквињи во Зугдиди, Грузија
„Со ставањето на овие локалитети на листата на седум најзагрозени за 2023 година, сакаме да испратиме порака за надеж, солидарност и поддршка до локалните заедници и активистите кои се решени да ги спасат. Заедно со нашите партнери, како европски така и локални, ќе обезбедиме техничка експертиза, ќе ги идентификуваме можните извори на финансирање и ќе ја мобилизираме нашата широка мрежа за поддршка на нивните цели и нивните напори, кои сега станаа наши цели и наша заедничка одговорност“, рече извршниот потпретседател на мрежата Europa Nostra, Ги Клос.
Мементо паркот во Будимпешта, Унгарија
„Културното наследство е клучен ресурс за обликување на европскиот идентитет, без кој економскиот развој е бесмислен. Оваа обединувачка сила ја препозна ЕИБ, која ја зема предвид заштитата на наследството кога размислува за нови инвестициски проекти или при кредитирање на проекти за реконструкција во урбаните средини кои често имаат компонента на културното наследство. На 10-годишнината од оваа програма, локалитетите кои се избрани денес уште еднаш ќе посведочат за обединувачката моќ на културното наследство, како и за нивната поврзаност со мисијата и активностите на Банката“, додаде раководителот на Програмата за клима и наследство на Институтот на Европската инвестициска банка, Бруно Росињол.
Бистричка воденица кај Петровац на Млава, Србија
Управниот одбор на мрежата Europa Nostra ги избра финалистите меѓу 11 споменици и локалитети на културно наследство од осум земји кои претходно влегоа во потесниот избор со одлука на Советодавниот совет на Програмата 7-те најзагрозени.
Избор врз основа на два критериуми
Номинации за Програмата 7 за најзагрозени локалитети за 2023 година беа поднесени од организации членки, придружни организации или поединци, членови на мрежата Europa Nostra, како и организации членки на Европската алијанса за културно наследство.
Железничката станица во Кортријк, Белгија
Изборот е направен врз основа на исклучителната важност на наследството и културната вредност на секој од овие локалитети, како и врз основа на сериозната опасност со која се соочуваат денес.
Нивото на ангажираност на локалните заедници и посветеноста на јавните и приватните актери за зачувување на овие локации беа оценети како клучни дополнителни вредности.
Друг критериум за избор бил потенцијалот на овие места да дејствуваат како катализатор за одржлив социо-економски развој и како средство за промовирање на мирот и дијалогот во нивните локалитети и пошироки региони.
куќи на калуѓерки, Клаинвелка, Германија
Седумте избрани локалитети исполнуваат услови за додела на грантови од ЕИБ за наследство во износ од 10.000 евра по локалитет за да помогнат во спроведувањето на договорените активности кои ќе придонесат за спасување на загрозените локалитети.
Тимови експерти, претставници на мрежата Europa Nostra и Институтот на Европската инвестициска банка, заедно со организациите кои ги предложија 7-те избрани локации и останати партнери, сега ќе собираат информации и ќе се сретнат со клучните актери за да ги проценат локалитетите и да изготват техничко-финансиски извештај со препораки за дејствување.
Повикот за номинации за Прогамата 7 за 2024. година ќе биде отворен во мај 2023 година.