Овие денови Општина Котор во Црна Гора ги објави резултатите од конкурсот за проектирање на идејното архитектонско решение за стадионот ФК Бокељ во населбата Шкаљари во Котор, објавен во ноември 2022 година.
По детално разгледување и оценување на 63 пристигнати трудови, жирито едногласно одлучи да ги додели првата награда (15.000 евра) и втората награда (7.000 евра), но не и да ја додели третата награда, додека три авторски дела се откупени во износ од 1.500 евра.
Првонаграден труд
Првата награда отиде во Турција
Жирито со кое претседава проф. д-р Вељко Радуловиќ ја додели првата награда на проект чиј автори се архитекти од Турција Наше Докузер, Ердем Докузер, Бурџу Кирџан Доган и Фират Доган.
Според образложението на жирито, првонаградениот труд се карактеризира со јасно контекстуализирано, високо тектонично и урбанистичко решение со добра распределба на масите.
Првонаграден труд
Дадена е, се додава, одлична врска на јавниот пристапен амбиент со главната западна трибина преку развивање на урбана променада.
Организацијата на внатрешниот простор е јасна и логична. Високо оценета е и материјализацијата што го поддржува основниот обликовен концепт и амбиенталните факти на локацијата.
Првонаграден труд
Темелна разработка на решението од Даниловград
Втората награда му припадна на проектот на „Инг инвест д.о.о.“ од Даниловград, а автори се Андријана Јовановиќ, Милиќ Ѓерковиќ, Давор Распоповиќ, Милош Остојиќ, Александар Стругар, Душан Ивановиќ и Огњен Бановиќ.
Второнаграден труд
Според жирито, второнаграденото решение е тектонично, урбано и дисциплинирано, темелно разработено од сите аспекти.
„Постигната е добра комуникација со јавниот амбиент на пристапната улица, применета е адекватна материјализација, а предложеното конструктивно решение на настрешницата е оценето како адекватно и реално“, наведува жирито.
Второнаграден труд
Изложба на конкурсните трудови во текот на април
Првиот откуп го доби бирото Architects Limited од Лондон, чии автори се Мајкл Форвар, Иаго Фереира Соуза и Метју Гејб.
Откуп
Другиот откупен труд е потпишан исто така од лондонска фирма William Matthews Associates Limited, односно авторскиот тим Вилијам Метјуз, Крис Хол, Ел Томпсон и Дејвид Вокер, како и соработникот Марк Реа.
Откуп
Третиот откуп во вредност од 1.500 евра отиде за проектот на будимпештанската компанија STUDIO A4 IRODA KFT, на авторите Геза Кендик, Тамаш Берец и Едит Каток.
Општина Котор ја информира јавноста дека во април ќе биде организирана изложба на конкурсните проекти. Точниот датум и место на изложбата ќе бидат објавени накнадно.
Откуп