Насловна / Вести / VW го откри името на последниот „народен автомобил“

VW го откри името на последниот „народен автомобил“

Германскиот производител на автомобили, наскоро ќе растрсти со традиционалните мотори, а сега е познато и со кој модел ќе ја заврши ерата на моторите со внатрешно согорување. Тоа ќе биде новиот T-Roc. Така тој ќе стане последниот, но не и единствениот нов автомобил со мотор со внатрешно согорување од Volkswagen, кој ќе биде претставен во наредниот период. Имено, европскиот пазар очекува целосно нов Passat, кој ќе биде во понуда во исклучиво караванска верзија, а ќе биде технолошки близнак на Škodа Superb.

troc1

Во текот на наредната година пристигнува и новиот Tiguan, додека продолжувањето на приказната под името Polo, е под голем знак на прашање. Построгите стандарди во врска со емисиите, драстично ја покачуваат цената на производството, а со самото тоа се доведува во прашање и пласманот на тој модел. Исто така, с еочекува опсежен редизајн на актуелниот Golf од осмата генерација во текот на 2024 година, кој поради обемните зафати на рестилизацијата во текот на 2024 година, ќе го добие епитетот Golf 8.5. Во секој случај, извесно е дека ќе ги задржи моторите со внатрешно согорување, но тоа нема да важи за неговиот наследник. ID. Golf ќе стигне во 2028 година, а ќе с енуди исклучиво со електричен погон и користат нова механичка платформа.

troc2

Испрати коментар

Scroll To Top