Парижаните изгласаа од улиците на француската престолнина да се тргнат електричните скутери за изнајмување, со високо мнозинство од 90% гласови. Париз беше пионер кога во 2018 година воведе електрични скутери или тротинети, бидејќи градските власти настојуваа да ги промовираат видовите на јавен превоз кои не ја загадуваат околината. Но со оглед дека на овие возила на две тркала им растеше популарноста, посебно меѓу младите, така растеше и бројот на несреќи – во 2022 гоидна три лица го загубиле животот а 459 се повредени во несреќи со е-скутери во Париз.
Париз има речиси 15.000 е-скутери. Противниците на овие превозни средства тврдат дека корисниците на е-скутери не ги почитуваат правилата во сообраќајот и често предизвикуваат несреќи.