Во САД, на почетокот на јуни ќе биде отворен првиот музеј на улична уметност. За таа цел, Центарот за современа уметност во Њуjoрк ќе претвори напуштена фабрика со површина од над 30.000 квадратни метри во простор во кој ќе бидат презентирани исклучиво улична уметност и графити.
Главната задача на оваа институција Mana Museum of Urban Arts ќе биде претставување на современи улични уметници од целиот свет и монументални мурали на ѕидовите на фабриката, документирање и чување на значајни дела во колекцијата, креирање образовни програми преку семинари и создавање работна средина за уметници.
Зградата на музејот со своја програма треба да започне во септември.