Службите на „Охридски Комуналец“ ги уредуваат зелените површини на неколку локации низ стариот дел од градот. Вчера се вршеше рачно косење на тревата и расчистување на просторот околу скалите кои водат од Долни Сарај кон Канео.
Се уредува и просторот околу коловозот на улицата „Кирил и Методиј” до Горна Порта, а ќе следуваат активности и на едносмерната улица која води од Горна Порта до комплексот згради на улицата „Крум Точко”.