Насловна / Вести / Мал, но удобен и колоритен стан во Рим

Мал, но удобен и колоритен стан во Рим

Овој мал, но модерен и колоритен стан се наоѓа во главниот град на Италија.

Станот е комплетно реновиран по проект на бирото Stefano Corso&Rina Ciapollilo со посебно внимание на скалите кои го поврзуваат станот со приватна тераса со неверојатен поглед на Рим. Терасата е опремена со кујна, трпезарија и софа, совршени за уживање во кино на отворено. Поголемиот дел од мебелот во овој дом (првенствено клупи, гардероби и застаклени системи) е направен специјално по мерка да го направам просторот оригинален, удобен и живописен.

12

1

Секој детал е внимателно осмислен и изведен при целосното внатрешно и надворешно реновирање. Значително внимание е посветено на скалите кои водат до приватната тераса. Влезот е украсен со тапети од џунгла, а внатре е скриена главната спална соба.

0

Централниот дел од дневната соба е „скулптурно“ скалило кое води до терасата. Од тука, погледите на Рим се едноставно зачудувачки. Терасата, со својата посебна опрема, всушност станува совршен додаток – поточно продолжување на домот, односно претставува многу повеќе од вообичаениот простор за рекреација на отворено.

4

Со цел да се даде силен идентитет на станот, бирото посебно внимание посветило на дополнителниот мебел како што се застаклените системи во бањата, клупа и ормани со слама во дневната соба. Сите овие елементи, заедно со тапетите кои изгледаат како штотуку пристигнати од џунглата, го прават овој прекрасен и колоритен стан место за паметење.

13 11 10 8 7 6 5 3 2

Испрати коментар

Scroll To Top