Насловна / Вести / Стан во Белград пренесува чувство на дом и припадност

Стан во Белград пренесува чувство на дом и припадност

Белградското биро Spatial Objectives е автор на ентериерот на стан од 109 квадратни метри во зграда на Дорќол.

Еден од партнерите во бирото поголемиот дел од кариерата ја поминал во Кина, а преку заеднички пријател имал единствена можност да запознаат млад брачен пар од Русија кој барал нов стан во стариот дел на градот.

2

Желбата на клиентите била да оформат постојан живот во Белград, барањата подразбирале дизајн на простор кој ќе остава впечаток на дом. Исто така едно од клучните барањата било да се вселат во својот стан во што пократок рок.

Станбениот простор се наоѓа на Доњи Дорќол, каде во моментов преовладува изградбата на нови станбени згради, а проектот подразбирал адаптација и опремување на станот во рамки на новоградба.

1

За да ги исполнат барањата на клиентот, стан како дом, архитектите инспирацијата за дизајнот на овој простор ја нашле во спецификите на руската култура и архитектура.

Архитектите велат дека најмногу биле инспирирани од традиционалната руска куќа „дача“, каде употребата на дрво, декор и разновидни бои се основни карактеристики.

3

„Начинот на кој го видовме преводот на традиционалното во модерно живеење е примената на дрвото како ѕидна облога и употребата на различни бои, текстури и релјефи преку дизајнот на вграден мебел и изборот на парчињата мебел“ – објаснуваат проектантите. Исто така, додаваат, дека нивната намера била да ги задржат и дополнително да ги нагласат постоечките вредности на просторот, како што се светлиот амбиент, отворен простор за живеење и широка визура кон стариот дел на градот.

4

Во просторот доминира употребата на светли бои и тонови со цел, како што нагласуваат авторите, да се задржи идејата за светол и отворен простор.

„Некои акценти во просторот се дизајнирани преку примена на различни бои, текстури, форми како и необични комбинации на материјали, што го прави просторот пожив“, велат.

8

Во станот е проектирано разновидно осветлување со цел да се создадат различни амбиенти. За трпезаријата е избран висечки лустер кој со формата и големината го истакнува просторот за јадење, додека за дневната соба одбрана е светилка со повеќе извори на светлина која со својот распоред го следи распоредот на самиот простор.

Во ноќниот и работниот простор се избрани тавански лустери со едноставен дизајн и светли бои, додека основното осветлување во станот е плафонско и вградено.

7 9

Според авторите, најдоминантен детал од просторот е целиот сегмент на станот, т.е. дневната зона, која преку комбинацијата на различни природни материјали, текстури и бои како целина е визуелен акцент на овој проект.

16

Најголемиот предизвик во процесот на проектирање бил да се создаде простор кој ќе го одразува карактерот на неговите идни корисници и во исто време ќе пренесе чувство на дом и припадност. Целта била самиот простор да им помогне на клиентите во транзицијата и прилагодувањето на новата животна средина и околности.

6 10 14 12 13 11 17 18

Испрати коментар

Scroll To Top