Во новиот извештај на Меѓународната агенција за енергија (IEA), инвестициите во декарбонизација на електроенергетскиот сектор се зголемени во последните две години за осум милијарди долари, но со истовремено зголемување на користењето на јаглен кој ги засени ефектите од развојот на обновливите извори на енергија.
„Потребно е запирање на отворањето на нови термоцентрали на јаглен без соодветна технологија за зафаќање и складирање на емисијата на CO2 (CCS carbon capture and storage), а до 2050 година треба да се вложат 44 милијарди долари во проекти за производство на чиста енергија, со цел порастот на глобалното загревање да се одржи на ниво под 2°C. Но, за оставрување на ова сценарио, исто така е потребно цената на дозволите за емисијата на CO2 на глобално ниво да биде 90 евра по тон во 2030 година, односно 150 евра по тон во 2050 година“, се вели во извештајот.