Насловна / Вести / Печатење на ентериер: Бутик направен од 3,3 тони пластичен отпад

Печатење на ентериер: Бутик направен од 3,3 тони пластичен отпад

Зависноста од пластични производи за еднократна употреба доведе до сериозни економски, еколошки и здравствени проблеми. Секоја минута се купуваат околу еден милион пластични шишиња, а годишно се користат пет трилиони пластични кеси ширум светот, од кои главно сите завршуваат во природата.

Пластиката и микропластиката го најдоа својот пат до секое ниво на нашата планета. Заедно со другите фактори, пластиката значително влијае на влошување на состојбата на Земјата, па мораме да размислиме како да се бориме со неа и како да го решиме овој проблем, меѓу другото и преку дизајн.

8

Net Zero, Zero Waste

Така, на пример, компаниите Nagami и Ecoalf од Шпанија најдоа решение во нивниот неодамнешен проект, кога целокупниот ентериер на продавница за облека го изведоа со 3Д печатење од рециклирана пластика.

Ecoalf, кој е пионер на еко-модата, ги здружи силите со технолошкото дизајнерско студиото Nagami за да го редефинираат концептот на дизајн, производство и потрошувачка, преку роботско 3Д печатење од големи размери.

1

Заедно, овие две компании постигнаа успех, создадоа Net Zero, Zero Waste бутик во Мадрид.

За креирање на целиот ентериер, со примеана на 3Д печатење, користен е 3,3 тони пластичен отпад и тоа на начин што оваа рециклирана пластика може повторно да се рециклира и користи речиси бесконечно пати, губејќи само еден процент од нејзините структурни перформанси со секоја нова употреба.

5

Секој ѕид, полица и маса во овој простор се изработени од 100 отсто рециклирана пластика, која е испечатена да личи на глечер што се топи, алудирајќи на климатските промени, истовремено подигајќи ја свеста за тоа како новите технологии можат да придонесат за нивно ублажување.

6

Гардероба и додатоци од рециклирани материјали

Целата отпадна пластика главно е набавена од болници, а секој елемент се произведува локално во Шпанија за да се минимизираат емисиите на CO2.

Простор од 90 квадратни метри се користи за изложување на облека, обувки и модни додатоци од брендот Ecoalf, кои се со највисок квалитет, а исто така се создадени од рециклирани материјали.

4

3Д печатењето секако направи револуција во индустријата, нудејќи им на дизајнерите возбудлив нов сет на алатки кои им овозможуваат да го поедностават процесот на дизајн, да создаваат прототипови брзо и ефикасно, и да креираат елементи со сè посложени геометрии, а воедно промовирајќи одржливост преку употреба на рециклирани материјали.

7

Како што се наведува, во овој конкретен проект, брановидните форми што ја покриваат секоја површина на продавницата ја довеле роботската технологијата за печатење до крајни граници.

Екструдер за печатење сложени форми

Nagami креирале пластични плочи со примена на роботска рака опремена со екструдер што може да печати сложени 3Д форми.

3

Традиционалното 3Д печатење обично подразбира печатење во слоеви, но со подесување на ориентацијата на објектот, било можно да се направи закривена геометрија, што го карактеризира овој проект.

Сепак, со оглед на тоа дека ѕидовите се поделени на панели кои се споени со конектори, толеранцијата морала да биде исклучително прецизна за ефикасно да се вклопат компонентите.

2

„Итно треба да го преиспитаме начинот на кој произведуваме и трошиме за да поттикнеме вистинска промени во индустријата. Денес, 3Д печатењето ни овозможува да оживееме простори кои претходно беа незамисливи и да се произведуваат локално со користење рециклирани материјали, а во исто време да се воспостават синџири на производство кои се почисти, поодржливи и пофлексибилни“, вели коосновачот и извршен директор на Nagami, Мануел Хименез Гарсија.

Испрати коментар

Scroll To Top