Модерниот дизајн на студиото O+A стои зад колоритниот работен простор на Cisco-Meraki. Овој разигран простор е исполнет со вибрантно обоени ѕидови и мебел, кои придонесуваат просторот да има позитивни вибрации. Идејата зад овој специфичен дизајн е преку просторниот концепт да им ја поттикне креативноста на вработените во Cisco-Meraki.
Некои ѕидови во канцелариите се целосно покриени со обоени или бели табли со што им се дава на вработените да ја напишат својата идеја, а со тоа и да ја разменат со останатите соработници. Некои од ѕидовите што се обложени со дрво имаат вдлабнатини кои создаваат место за одмор и релаксација, и притоа задржувајќи одредена приватност. Покрај овие места постојат и пространи места за одмор и пауза каде вработените можат да се опуштат.
Овој неверојатен дизајн има позитивен ефект на вработените што работат во тој простор.