Во четврток советниците на општина Центар треба да решат дали ќе го прифатат предлогот на градоначалникот Андреј Жерновски за субвенционирање на секој нов купен велосипед од жителите на општината.
Предлогот е да се одвојуваат по 3.000 денари од буџетот на општината за секој купен велосипед. Ова право на субвенција ќе може да се искористи само еднаш.