Проектантското биро од Подгорица „Биро 81000“, го претстави својот проект на хотелскиот комплекс наречен Peaks of Montenegro.
Комплексот се наоѓа во Општина Колашин, оддалечен 72 километри од главниот град на Црна Гора, на половина пат помеѓу градот и ски-центарот, а веднаш до хотелот, во низа, се четири депанданси со сопствени сместувачки капацитети.
Хотелот е проектиран како слободностоечки објект на приземје, два ката и поткровје. Влезот во хотелот е од главната сообраќајница, а нагласен е со скали и трем.
Функционалната дистрибуција на содржините во хотелот извршена е по нивоа. Во приземјето се сместени влезниот хол со рецепција, lounge бар, ресторан со кујна и тераса, тоалети и администрација.
Влезниот хол непосредно е поврзан со хоризонтални и вертикални комуникации. Сите катови имаат исто функционално решение со шест студио апартмани на кат.
Функционалното решение на апартманите се карактеризира со јасност во поделбата на зоните потребни за предметната типологија, а тоа се: дневна зона, спална соба, кујна со трпезарија и бања. Техничките простории на хотелот се предвидени во подрум.
Депандансите се проектирани како самостојни објекти со катност приземје и спрат, а именувани се Вила Троглава, Вила Црна глава, Вила Зекова глава и Вила Ќупови.
Главниот сообраќаен пристап до депандансите е исто така од планираната сообраќајница на југозапад. Положбите на главните влезови се нагласени со скали и трем.
Фасадата на хотелот и депандансот е проектирана од природни материјали – камен и дрво. Во хотелот предвиден е камен на приземје, додека на депандансите е предвиден како постамент за подигнатото приземје.
Крововите се коси, дводни или повеќеводни, обложен со сив лим.
„Со поедноставена материјализација на ѕидовите и стрмните кровни рамнини се тежнее кон впечатокот за планински врвови, се гради идентитетот на комплексот, се создава името, брендот Peaks of Montenegro“ – велат од „Биро 81000“.
Предвидено е уредување на зелените површини со тревa и дрвја. Пред влезот на хотелот и депандансите проектирани се камени жардиниери за садење цвеќиња и удекоративно зеленило.