„Гаспром“ очекува дека склучувањето на договорот за извоз на гас во Кина од 400 милијарди долари, ќе влијае на цените на гасот во Европа, вели директорот на „Гаспром“ Алексеј Милер. На Петербуршкиот меѓународен економски форум, Милер укажа дека со потпишувањето на тој договор е создадена конкуренција меѓу Европа и земјите од Азиско-пацифичкиот регион, околу рускиот гас. „Гаспром“ и ЦНПЦ на 21 мај потпишаа договор на 30 години за испорака на 38 милијарди кубни метри гас годишно преку источната маршрута.