Нови 50 решенија за легализација на дивоизградени објекти во општина Кисела Вода денеска додели градоначалничката Билјана Беличанец-Алексиќ. Со денешната легализација, од вкупно 11.874 пристигнати, бројот на решени предмети е 2.689.
„Се намалува бројот на граѓани кои немаат доставено геодетски елаборат и заклучно со денешниот ден, нивниот број изнесува 3.954“, истакна градоначалничката Беличанец-Алексиќ.