Порталот Timeout ги презентира знаменитостите на европските престолнини на културата за оваа година. Станува збор за градовите: Веспрем во Унгарија, Темишвар во Романија и Елефсина во Грција. Европските престолнини на културата, се бираат од страна на Европската комисија, и тоа неколку години однапред. Во текот на годината избраниот град има програма на настани осмислени со цел да го истакне своето културно богатство и разновидност. Минатогодишни престолнини на културата беа: Каунас во Литванија, Еш Сир Азлете во Луксембург и Нови Сад во Србија.
Темишвар долго бил едно од најфрекфентните средишта на Романија. Програмата во склоп на одбележувањето на титулата „европска престолнина“, опфаќа просечно 30 настани неделно и нуди од фестивали на панк и електронска музика, до работилници за одржливо живеење.
Елефсина е познат по спомениците од античка Грција, но и по развиената индустрија. Се наоѓа во близина на Атина. Оваа година ќе биде домаќин на 465 продукции, меѓу кои локални изложби на фотографии и театарски престави.