Насловна / Вести / Седиште на фармацевтска компанија во Загреб

Седиште на фармацевтска компанија во Загреб

Седиштето на фармацевтската компанија „Салвео“ се наоѓа во новосоздадената деловна зона на Завртница во Загреб. Со проектот за адаптација предвидено е  проширување и реновирање на постоечкиот деловен простор и реорганизација на распоредот во согласност со динамиката и флексибилноста на новите трендови во работењето.

4

Архитектите Роберт и Мартина Крижњак современата типологија на деловните простории ја реализирале преку нагласување на заедничките и социјалните простори и можноста за индивидуализирана персонализација на канцелариите.

2

Покрај новите канцелариски единици, уредени се и предавална, сала за состаноци, работно-креативен „hub“ со трибина и кујна, додека посебна карактеристика е коридор со прецизно дизајниран ѕид кој обединува ниши за краткотрајна работа.

3

Оската на ходникот и главната комуникација од едната страна се опкружени со канцелариски единици чие повторување на полни и празни површини материјализира постојана игра на светлина и сенка. Од другата страна на коридорот, правилната низа на вертикални елементи е збогатена со утилитарни повеќенаменски рамки, кои го прават ѕидот тродимензионален, не само просторно, туку и функционално.

6

Посебно внимание е посветено на изборот на материјали, текстури и бои, чија примена ја отсликува двојноста на просторот, кој истовремено врши функција на професионално претставување на успешна компанија и пријатна работна атмосфера. Со користење на јасна поделба на полните површини на црни и бели се создава чист визуелен јазик што формира подлога за природни дрвени површини погодни за крајниот корисник.

5 1

Испрати коментар

Scroll To Top