Претседателот на италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија, Карло Дољони изјави дека движењето на тектонските плочи го предизвикало земјотресот во Турција и ја поместило територијата на земја за три метри.
„Она што го нарекуваме арапска плоча, се помести за три метри во правец североисток – југозапад во однос на анадолската плочата“, вели Дољони, додавајќи дека има поместување од три метри на должина од околу 160 километри, пренесе „Дејли мејл“.
Поголемиот дел од Турција лежи на анадолската плоча, но југоисточната плоча поминува преку арапската плоча, во близина на Сирија.