Архитектите од студиото Pierre Antoine Compain го реализирале својот проект за „Белата Куќа“ во Франција, која иако го носи името на познатата претседателска куќа, воопшто не личи на нејзе.
Дизајнот се фокусира на централен празен простор кој продира од самото приземје па се до врвот на објектот. Овој отворен атриум пропушта светлина од кровот до најдолниот кат на оваа четирикатна куќа. Интересно е тоа што внатрешноста личи повеќе на деловен објект отколку на објект за домување, со оглед на тоа што во атриумот на приземјето е сместена компјутерска соба. Исто така, користени се и акценти со повеќе светли тонови, како розовата боја.