Mifune Design Studio имале екстремно природна инспирација кога ја проектирале куќата Podocarpus во Осака, Јапонија. Во дворот се наоѓа старо дрво од кое архитектите се инспирирале во креирањето на куќата така што го заштитиле во процесот на градење.
Куќата е наменета за постар пар на кој им е овозможено полесно да излезат надвор. Се е многу минималистичко благодарејќи на бетонот кој е користен како главен материјал во изградбата. Дрвото може целосно да се гледа од дневнта соба, каде се наоѓа огромен прозорец стратешки позициониран, така што светлината продира во внатрешноста и на некој начин се доживува визуелна екстензија на дворот.
К