Канадската компанија Gluxkind ги разгалува родителите, а не бебињата!
Количката за бебиња Ella е опремена со вештачка интелигенција за полесно ракување, може сама да се движи и секако да се лула. На прв поглед изгледа како обична количка, но преполна е со неверојатни карактеристики кои буквално ги спасуваат уморните родители.
Седиштето за количка работи со батерии и е опремено со прилагодлива асистенција за буткање и стопирање. Нема да ве замори на угорнините или да ве исплаши од губењето контрола на удолнините, особено кога количката е натоварена.
Исто така, утврдено е дека „белиот шум“ им помага на бебињата подобро да спијат, а количката Ella не само што има вграден плеер, туку и функција за нишање.
Иако може да се управува со песни и мелодии преку паметен телефон, врвот на количката е несомнено нејзината способност за самостојно возење, бидејќи е способна да се движи без да морате да ја туркате.
„Иновациите на Ellа им овозможуваат на родителите искуство речиси како дадилка“, објаснува Gluxkind Technologies.
Функцијата за автономно движење е уште покорисна кога бебето е во вашите раце. Така нема да морате да го држите бебето во едната рака, а со другата да ја туркате празната количка.
Со тежина од 13,6 килограми, количката има и систем за сопирање на повеќе нивоа кој се грижи за „паметно“ запирање на количката без надзор.
Gluxkind Technologies ја претстави паметна количка на неодамна одржаниот технолошки саем CES 2023 во Лас Вегас. „Вложивме многу напорна работа за овој производ и возбудени сме што нашите клиенти ќе можат да ја добијат оваа количка во 2023 година. Развојот е воден од нашето искуство како нови родители“, рече главниот директор за производи на компанијата, Ана Хунгер.
Количката ќе се продава за 3.300 долари, а за повеќе информации и нарачки, посетете ја веб-страницата на Gluxkind Technologies.