Канцелариите на Case Meallin во Австралија содржат акценти кои веројатно повеќе би ги очекувале во надворешноста на објектот. Наместо здодевно секојдневно решение, архитектите од студиото Mim Design создале креативен изглед со додавање на детали кои ја надополнуваат внатрешноста.
Акцентите од дабово дрво, што ги гледаме како високи столбови низ канцеларијата, прават да се чувствувате како да се наоѓате во кабина. Деталите навистина го прават местото многу попријатно што е идеално за повеќе луѓе, кои наместо да бидат заглавени во безлично работно опкружување уживаат во пријатната работна атмосфера. Бидејќи фирмата немала многу работен простор, архитектите се потрудиле да создадат отворен план, па на вработените им се чини просторот многу поголем и поширок.