Love Architecture е фирма која интервенира урбано опкружување со тоа што ги надополнува станбените единици Shugoin во Токио.
Комплексот на станови е сместен во фреквентна област, па така предизвикот на фирмата била да им обезбеди на станарите тишина и мир, а истовремено да не се чувствуваат отсечени од надворешните случувања. За да го постигнат ова, тулата како материјал кој помага за звучна изолација е користена главно во надворешноста. Но, за да се задржи струењето на воздухот архитектите решиле да остават одредени отвори во ѕидот. Сето ова е направено преку многу атрактивен модел со кој визуелната појава на зградата останува естетски прифатлива.