На ревијата пролет/лето 2023 година, одржана на модната недела во Милано, посетителите можеа да бидат присуствуваат, покрај ревијата на најновите модели на Дизел, на поставување на нов светски рекорд. Станува збор за најголемата скулптура на надувување креирана од Studio Dennis Vanderbroeck од Холандија за италијанскиот бренд Дизел.
Во центарот на Allianz Cloud Arena со 5.000 седишта, на подлога брендирана со знакот на Дизел, поставена е скулптура долга 50 метри, широка 38 метри и висока 14 метри, која прикажува четири сребрени, испреплетени тела.
За својата модна ревија, Дизел сакал да постигне динамичен однос помеѓу скулптурата и моделите, давајќи чувство дека моделите се „заглавени“ внатре во архитектурата на огромниот стадион, а исто така и на скулптурите. Како што одминуваше ревијата, моделите се шетаа околу и низ скулптурата.
Според зборовите на авторот, во процесот на создавање што траел повеќе месеци, тој истражувал антички скулптури, екстремни спортови, танц и конторционисти – луѓе од гума. Користел 3Д моделирање за да создаде човечки невозможни пози и произведе дизајн кој го пренесува обидот на телата да се отргнат од своето опкружување.
Скулптурата целосно ја превзема постоечката архитектура и, преплавувајќи ја публиката, прави таа да стане дел од прегратката на скулптурата.
Фигурата на надувување е изработена од најлон, сличен на оној што се користи за производство на падобрани, а за нејзината реализација Studio Dennis Vanderbroeck соработуваше со производителот, фирмата Bigger Than Life.