Агенцијата на САД за меѓународен развој (USAID) ги повикува заинтересираните да достават почетни информации за потенцијалните проекти за учество во регионалната програма „Инвестиции во енергетиката“, чија цел е да ги поддржи проектите кои се технички, економски и еколошки одржливи и да им помогне да дојдат до потенцијални инвеститори и финансиски институции. Целта на повикот објавен од страна на USAID е да се анализираат потенцијалните проекти за изработка на студии за изводливост, додека за понатамошна нивна проценка ќе се објави посебен конкурс. Почетните информации треба да се испратат на следните адреси: [email protected] или [email protected], а рокот за достава е 10-ти феврууари 2023 година.
За реализација на оваа програма USAID има обезбедено 20 милиони долари. Проектите ќе се бираат во соработка со меѓународните финансиски институции, банкарскиот сектор, инвеститори и корисници. Минималниот износ на инвестицијата по проект е 10 милиони долари, со тоа што во одредени исклучоци ќе бидат земени во предвид и проекти под оваа граница. Поддршката се однесува на проекти во Албанија, Азербејџан, Ерменија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Грузија, Гренланд, Косово, Македонија, Молдавија и Србија.