Хотелот Miwo се наоѓа на врв на планина во округот Suichang, во градот Lishui, Кина. Областа е брдовита и богата со чај, а хотелот е именуван по изворите на топла вода. Местото е популарно одморалиште за туристите.
Името „Mi Wo“ се надева дека хотелот може да пружи топлина на дом, а гостите ќе доаѓаа од далеки за да уживаат во прекрасната глетка. Имајќи го во предвид единственото опкружување на хотелот, обиколен со планини, архитектите од кинеското биро AT DESIGN користеле бела боја за зградата, како прљаво бело гнездо на дрво, прикажувајќи ја границата помеѓу светлината и темнината во шумата, создавајќи уникатен пејзаж што стои во планините. Оддалеку, хотелот слабо се гледа низ дрвјата, изолиран од градската гужва, како скриено гнездо на бели стебла.
Дворот пред објектот е со кружна форма, како да ја опфаќа целата природа и гостите, давајќи го првото чувство на свеченост во просторот. Водата тече низ внатрешниот дел до влезот, а протокот на вода продолжва кон целиот простор, прикривајќи го текот на животот и времето.
Околу влезот, очите одеднаш се отвораат и се појавува мошне отворен двор, омеѓан со ѕидови што создаваат богата линија и ја внесуваат втората свеченост во просторот. Скали на различни нивоа ги акцентираат дрвјата, носејќи чувство на ред во светлината и сенката.
Структурата на зградата исцртува минималистичка и моќна линија, претставувајќи ја најчистата и најјасната состојба на природата. Наспроти синилото на небото, сетилата се полни со екстремно уживање. Секоја страна од зградата претставува различна состојба на убавина, а тука се одвива повеќедимензионален начин на живот, пишува ArchDaily.
Белата не е само боја, туку и длабоко чувство. Бесконечниот базен и синото небо создаваат меѓусебен дијалог, формирајќи сцена на единство на водата и небото. Базенот делува како медиум кој ги поврзува внатрешното и надворешното, а симбиозата на просторот дополнително е нагласена преку отворениот волумен што овозможува светлината да продре во подземниот простор. Сончевата светлина сјае низ водните бранови во подземниот дел, додавајќи слој на живописна боја во просторот.
Со влегувањето во објектот, архитектот го поставува третото чувство на свеченост, преку мермерниот ѕид, за да се разликува просторот за прием и просторот за одмор, така што различните простори се независни.
Обвивканиот простор за одмор е опкружена со столбови поврзани на врвот, а заоблената структура ја обвиткува горната површина на обликот како да влегува во шума. Стаклото од подот до плафонот нуди поглед на бујниот пејзаж надвор, замаглувајќи ја границата помеѓу внатрешноста и градот. Ротирачки тобоган води до подземниот простор за настани, кој е интерактивен и забавен.
Miwo има вкупно седум соби за гости, меѓу кои три соби на третиот кат во форма на независни единици, кои носат семејно искуство како да сте дома. Базенот налик на пештера е додаден во гостинската соба, каде што може да се гледа далечниот пејзаж, полиња засадени со чај. Изборот на ориентација на прозореците во гостинската соба, обвозможува одлична точка за набљудување на изгрејсонцето и зајдисонцето.
До каде што допира погледот, пејзажот е поврзан со надворешноста и внатрешноста, со што целото тело и ум се интегрираат во планината. Минималистичката структура на просторот создава природна исцелителна состојба на животот, а убавината се случува насекаде. Чистиот бел свет, ги остава луѓето да го опуштат умот, просторот е полн само со небо и зелени површини, а овозможува да се почувствува поезијата на животот во природа.