Насловна / Вести / Германија не се откажува од природниот гас како транзициско гориво

Германија не се откажува од природниот гас како транзициско гориво

И покрај проблемите во снабдувањето со природен гас од Русија и неизвесноста околу обезбедувањето на испораки од други земји, Германија нема намера да се откаже од планот овој енергент да биде транзициско горово, се вели во документите на Министерството за економија и климатска акција. Затоа, ќе се изградат нови електрани на природен гас со моќност од  21 GW, a во моментот расположиви се 27,5 GW во вакви енергетски капацитети. Гасните електрани во Германија се поддршка за ветерните паркови и соларните електрани, но во последниот период многу се очекува и од водородот како гориво без емисии на стакленички гасови. Германија пред неколку дена слкучи договор за снабдување со водород со Норвешка.

germanygas1

Германската влада и натаму има намера до 2030 година 80% од електричната енергија да ја произведува од обновливи извори, и целосно да се напушти јагленот, додека гасните електрани ќе ги обезбедат останатите 20%. Инвестициите во електраните на гас и натаму имаат смисла, се вели во документите на Министерството за економија и климатска акција, но под услов да се нормализираат цените и да се обезбеди поголема диверзификација во снабдувањето. Затоа, Германија силно се залага за обезбедување поголеми количини на течен природен гас (ТПГ). Во средината на декември, земјата го отвори својот прв пловечки терминал за ТПГ, а за оваа година се планирани уште четири.

germanygas2

Инаку Германија до почетокот ан војната во Украина, добиваше од Русија околу 50% од вкупните потреби за природен гас, додека остатокот го обезбедуваше од домашни извори, Холандија и Норвешка. Но, со новонастанатите услови, таа ситуација полека се менуваше, односно испораките од Русија постојано се намалуваа. Во декември 2022 воопшто немало испораки на природен гас од Русија, а уделот на гас од Норвешка достигнал 37%.

FILE PHOTO: FILE PHOTO: A general view of the WINGAS gas storage facility near the northern German town of Rehden

 

Испрати коментар

Scroll To Top