Насловна / Архитектура / Дигитална изложба „Архитектурата како идеја за животот – пет стилски чекори на Драго Иблер“

Дигитална изложба „Архитектурата како идеја за животот – пет стилски чекори на Драго Иблер“

Дигитална изложба од фондовите на Хрватскиот музеј за архитектура ХАЗУ по повод меѓународниот научен собир одржан во 2021 година и во пресрет на издавање на научната монографија во 2023 година.

Со одржување на научен собир и дигитална изложба за архитектот Драго Иблер, творец на низа антологиски дела, меѓу кои и Завод за социјално осигурување на работницитите во Скопје, денес  хирушка болница „Св. Наум-Охридски”, попозната како Градска болница, еден од основачите на Загрепскиот архитектонски круг, Хрватскиот музеј на архитектура ХАЗУ ја одбележа стогодишнината од почетокот на делувањето на авторот.

6

Веќе во студентските денови, почнувајќи од 1920 година, Иблер учествувал на низа архитектонски конкурси во знакот на општествените и уметнички предизвици на периодот. Со својот опус и повеќеслојна активност, со дестелетија истрајно ги промовирал прогресивните принципи на архитектонското обликување во распон на креативниот израз од експресионизмот и новата стварност во 1920-тите, сè до модернизмот на интернационалниот стил во 1930-тите и поетичниот функционализам во 1950-тите. При дигиталната презентација на проекти од фондовите на Хрватскиот музеј за архитектура, ХАЗУ, и во пресрет на претстојното објавување на Зборникот на трудови во музејската едиција Architectonica и понатаму размислувањето на Иблер е водич за архитектурата како идеја за живот, која ја формулирал во рамки на воведниот говор на отворањето на Првиот конгрес на архитектите на Југославија, изразувајќи ја и во синтагмата на програмската декларации на групата Земја во 1929 година – затоа што уметноста и животот се едно.

2

3

На научниот собир одржан на 9 декември 2021 година, претставени се нови сознанија од голем број меѓународни истражувачи од Загреб, Будимпешта, Женева, Есен, Љубљана, Белград и Мостар кои ги согледале творечките, педагошките и професионалните позиции на Иблер во проширен, меѓународен контекст. Тоа е придонес и поттик за ревалоризација на творештвото на Иблер, кое со оваа пропратна, дигитална изложба се претставува како одење, движење или ритам на творештвото на Иблер – во знак на своевидни стилски чекори со кои во концизни вертикални низови нацрти и фотографии маркираат поедини  периоди од неговиот опус. Претставени со карактеристични проекти од фондот на Музејот, овие кратки скици на креативниот говор на Иблер може да се гледаат и како антологиски меѓаши со кои трајно е обележана панорамата на хрватската архитектура.

Изложбата е достапна на следниот линк: https://ibler.hazu.hr

1

Архитектот Драго Иблер (1894 – 1964) припаѓа на генерацијата хрватски архитекти кои во средината на 20 век ја довршувале негацијата на класицистичката архитектура од 19 век, започнале истражувања на поставките на современата функционалистичка архитектура и креирале репери за идната архитектура. Благодарение на школувањето во Дрезден и Берлин, работата во ателјето на Hans Poelzig и членството во CIAM, осознавал врвни архитектонски тенденции и ги сугерирал во своите проекти и реализации. Како професор на Академијата за ликовни уметности во Загреб, на Архитектонскиот факултет во Женева и во Државната работилница за архитектура во Загреб, ги едуцирал новите генерации водечки хрватски архитекти.

5

4

Испрати коментар

Scroll To Top