Насловна / Вести / Црквата Свети Марко во Венеција заштитена од поплави со стаклена бариера (ВИДЕО)

Црквата Свети Марко во Венеција заштитена од поплави со стаклена бариера (ВИДЕО)

На крајот на минатата година, властите на Венеција поставија стаклени бариери околу 900 години старата базилика Св. Марко. Оваа одлука е донесена за да се спречи повторување на речиси катастрофалното сценарио што можеше да се случи во ноември 2019 година, кога некои градби, како што велат експертите, „остареа за 20 години за само еден ден“.

v4

Оваа привремена структура е фиксна и ќе биде во функција додека системот наречен MOSE (Modulo Sperimentale Elettromeccanico) не проработи до крајот на 2025 година, како што е планирано, и така го заштити градот Венеција и Венецијанската лагуна од понатамошни поплави.

v3

Зачувување на белиот варовник и сив трахит

Имено, оваа транспарентна ограда штити од поплава до 110 сантиметри и ги интегрира подземните дренажни канали под црквата и плоштадот за отстранување на надојдените води од овој простор, пишува ArchDaily.

Подножјето на оградата е изведено од армиран бетон и закопано под поплочувањето на плоштадот Свети Марко, со цел да се спречи силата на водата да ја преврти оградата.

v1

Исто така, овој систем е применет со цел да се зачува интегритетот на белиот варовник и сивиот трахит од 1723 година, кои се вградени по идеја на архитектот Андреа Тирали.

Примената на овој систем на бариери се случи, меѓу другото, затоа што властите одлучија да не го подигнат градскиот систем MOSE за ниво под 120 сантиметри, што е проблематично со оглед на тоа што плоштадот и црквата се наоѓаат на најниската точка во Венеција, на само 64 сантиметри надморска височина.

v2

Планиран уште од 2003 година, со предвидено завршување на работите до крајот на 2025 година, системот MOSE би требало, заедно со други проекти – како што се зајакнување на бреговите, подигање на пристаништето, поплочување и подобрување на лагуната – да ги заштити Венеција и лагуната од плимата и осеката до три метри.

Забранет пристап на крузерите

Системот MOSE се состои од низа подвижни порти поставени на влезовите Lido, Malamocco и Chioggia за да се спречат ниските делови во областа, а особено плоштадот Свети Марко, да бидат оштетени од поплави.

v5

По неколкуте иницијативи за решавање на кризата на туризмот и архитектонското наследство, властите на Венеција најавија дека посетителите ќе мора да го резервираат своето место за посета и да купат влезница за да бидат во можност да го видат овој историски град и тоа од средината на јануари годинава.

Неодамна следеше и забрана за пристап на крузерите, со цел да се реши кризата со прекумерен туризам што влијае на екосистемите на лагуната, урбаниот развој и локалното население.

Испрати коментар

Scroll To Top