Насловна / Вести / Триумф на Tesla: Во 2022 година испорачани 1,3 милиони возила

Триумф на Tesla: Во 2022 година испорачани 1,3 милиони возила

Tesla минатата година испорачала рекорден број автомобили, бидејќи продажбата продолжила да расте во проценти за кои секој голем производител на автомобили би можел да сонува. Во 2022 година, американскиот производител нa електрични автомобили има испорачано 1,3 милиони возила, што е 40% повеќе отколку во 2021 година.

teslarecord1

Сепак крајот на годината не се одлукува со така добри резултати, односно има забележителен пад во испораките. Во последниот квартал од 2022 година, Tesla испорачала 388.131 примерок од Model 3 и Y , додека комбинираните испораки на Model S и Model X изнесуваа само 17.147 возила. Што се однесува до плановите з аиднината, се шпекулира дека новиот најмал и најефтин Model 2, ќе биде претставен дури во 2024 година, a производството на овој автомобил би требало да почне во 2025 година. Најавена е почетна цена од 25.000 американски долари.

teslarecord2

 

Испрати коментар

Scroll To Top