Насловна / Вести / Рекордно високи температури – швајцарските Алпи без снег

Рекордно високи температури – швајцарските Алпи без снег

Невообичаено високите температури за овој период од годината, ез снежни врнежи, доведуваат до тоа на голем дел од Алпите да нема снег. Рекордни температури се измерени на северната страна ан Алпите во швајцарија и во Лихтенштајн, на височини од околу 400 метри. Од швајцарската национална метеоролошка и климатска служба, соопштиле дека јануарските температурни рекорди се забележани на неколку станици за следење на северната страна на планинскиот ланец на Алпите, поради топлите ветрови од југозападот, при што дневните температури изнесувале и до 20,9 степени.

AP Switzerland Weather

Како што пренесуваат светските медиуми, речиси насекаде се гледа трева, камења и земја. Недостатокот на снег ги загрижува граѓаните, а температурните промени се поврзуваат со климатските промени. Минатата година беше една од најтоплите речиси во цела Европа. Националниот метеоролошки завод во Франција соопштува дека 2022 година е завршена со некои од најтоплите периоди кои Земјата ги искусила во овој период од годината.

alps2

 

Испрати коментар

Scroll To Top