Од 24-ти декември минатата година, секој нов автомобил кој се купува во Србија мора да има „енергетски пасош“, бидејќи тој ден на сила стапи Правилникот за податоци за економичност во построшувачката на гориво и емисии на CO2 на новите патнички возила. Со ова се истакнува важноста на прашањата од областа ан заштитата на животната средина, особено бучавата и загадувањето на воздухот, кои се сериозни последици од сообраќајот и влијаат врз јавното здравје.
Агенцијата за безбедност во сообраќајот на Република Србија ја препознала оваа тема како едно од важните прашања за иднината, и истата е вклучена во работата на преговарачкиот тим за Поглавјето 27 во процесот на преговори со Европската унија. Ова поглавје се однесува на животната средина и климатските промени. Во март 2021 година, Србија го усвои Законот за климатски промени, а овој Правилник произлегува од ова законско решение.