Во текот на 2022 година, на пазарот се појави 131 нов модел на автомобил. Станува збор за целосно нови модели, односно во оваа бројка не се вклучени редизајнираните возила, ребрендираните или концептните автомобили. Од споменатиот број, дури 67 мони модели стигнале од Кина, просечно околу 5 секој месец. Апсолутно најактивен производител бил SAIC со десет нови модели, а следуваат Geely со осум и Great Wall со шест нови модели. Сепак, ако се анализираат поединечните брендови, минатогодишен рекордер е Toyota со осум целосно нови модели. Следуваат Honda со седум и Chevrolet со пет нови модели. Меѓу останатите познати брендови, Volkswagen е меѓу првите десет со четири, а BMW и Ford имаат по три нови модели.
Од вкупниот број нови модели, дури 67 припаѓаат на SUV сегментот. Лимузините благодарение на големата побарувачка во Кина, се задржаа на второто место со 23 нови модели.