Насловна / Архитектура / Алехандро Аравена го претстави проектот за трансформација на мелница за брашно во Доха, Катар

Алехандро Аравена го претстави проектот за трансформација на мелница за брашно во Доха, Катар

Архитектонското студио „Елементал“ со седиште во Чиле, предводено од Алехандро Аравена, ја доби задачата да ја ревитализира поранешната фабрика за жито на брегот на Доха, во нова културна институција.

Новата гигантска институција за модерна и современа уметност ќе биде лоцирана на Корниш, шеталиштето на брегот наспроти старото пристаниште во Доха, а чие отварање ќе се случи во 2030 година. Со овој проект ќе се формира третата точка од  „музејскиот триаголник“, област која веќе го опфаќа Музејот на исламска уметност на И.М. Пеи, завршен во 2008 година, паркот МИА и Националниот музеј на Катар на Жан Нувел, кој беше отворен за јавноста во 2019 година.

3

Главната музејска зграда ќе има 80.000 m² внатрешен простор, вклучувајќи 23.000 m² наменети за галерии и изложбен простор. Остатокот ќе содржи канцеларии, кафетерии, конзерваторски лаборатории и образовни институции. Основниот проект предлага разновидна програма со јавни зелени површини и „креативно село“ што на посетителите ќе им даде шанса да учествуваат во занаетчиски работилници и да посетуваат продавници, ресторани и кина.

2

1

Структурата на мелницата е изградена во 1969 година со 64 бетонски силоси каде што се преработувало житото, а била во функција до 1980-тите., за што Аравена ќе каже: „Основната работа е да се создаде нешто мултифункционално. Она што денес е моузеј, можеби нема да работи во иднина“, сметајќи ги постојните структури на силоси како „индиции за тоа како да се продолжи понатаму“… „Дојдовме без предрасуди за музејската архитектура и без вистинско познавање на регионот“.

Музејот на Арт Мил ќе содржи исклучителна и меѓународна уметничка колекција составена во текот на изминатите 40 години, со многу разновидни, мултидисциплинарни дела кои датираат од 1850 година до денес. Хафид Ракем е директор за развој на архитектурата на музејот, а Керолин Хенкок е виш куратор за модерна и современа уметност.

4

Изложбата на Арт Мил 2030 е курирана од Орелиен Лемоние, куратор за архитектура, со помош на Мерјам Хасан Ал Тани, куратор на Одделот за изложби на музеите на Катар. Менаџер на проектот за изложбата е Малак Хасан од Одделот за изложби на катарските музеи. Со комисиите за изложбата раководи Клеменс Бергал, раководител на збирки и комисии во Музејот на уметничка мелница. Изложбата е дизајнирана од студиото Адриен Гардер, Париз, исто така музеограф во Музејот на Арт Мил.

Art Mill Museum 2030 е дел од ‘Катар креира’, националното културно движење во текот на целата година што ја курира, промовира и слави различноста на културните активности во Катар, со акцент на поврзување на резидентната и глобалната публика со креативните индустрии на Катар.

5

Испрати коментар

Scroll To Top