Литиум – јонските батерии досега претставуваа најдобро решение кога станува збор за складирање на големи количини на енергија. Сепак, производството на овие батерии со себе носи предизвици – од ограничените ресурси на литиум до сериозното влијание на процесите на експлоатација врз животната средина. Токму затоа, истражувачите од проектот HiSuperBat со раководителот д-р Милица Вујковиќ од Факултетот за физичка хемија во Белград, развиваат подостапни и побезбедни алтернативи. Станува збор за развој на батерии базирани на мултивалентни јони, како што се калциумовите, магнезиумовите и алуминиумските јони.
Мултивалентните јонски батерии овоможуваат поевтино, поедноставно и побезбедно производство, а со самото тоа и пониска цена. Користејќи иновативен пристап, проектот HiSuperBat ќе развие нови и исплатливи електродни материјали со висок капацитет, за нивна примена во кациум, магнезиум или алуминиум – јонските батерии. Во таа смисла, ќе бидат решени клучните прашања кои се однесуваат на малата способност за складирање на енергија. Исто така, истражувачите развиваат и хибриден модел на батерии кој не содржи литиум ниту запалив токсичен електролит. Резултатите од овој проект финансиран во склоп на програмата PROMIS на Фондот за наука, ќе овозможи развој на нова генерација уреди за складирање енергија.