Насловна / Архитектура / Вилите „МОХО“ во Бока Которскиот залив

Вилите „МОХО“ во Бока Которскиот залив

Архитектонското биро од Котор „Енформа“, основано 2006 година од архитект Никола Новаквиќ е автор на проектот „МОХО“. Тоа е приватен комплекс составен од три модерни вили, сместен во чудесниот пејзаж на рибарското село Прчањ во Бока Которскиот залив. Локацијата нуди фантастичен поглед на градот Котор, а овој поглед одиграл клучна улога во проектирањето на комплексот.

2

02

Архитектонско – урбанистичкиот концепт на овој мал комплекс е инспириран од непосредната околина, односно културното наследство на блиските крајбрежни села и градови, позиционирани во хармонија со околината и топографијата на теренот. Илузијата на мала населба е создадена со раслојување на структурата на куќите на два или три одвоени простори, со седум слободно распоредени објекти, со различни падови на крововите, а комплексот може да се протолкува како група која ја карактеризира модерен минимализам.

1

4

Посебен фокус во проектирањето на овие три вили е на односот со околината, кој е замислен како еден вид „надворешен ентериер“ со различни целини кои постојат во дизајнот на пејзажот. Дизајнот исто така е дефиниран и со употреба на камења со различна обработка и дистрибуција, што е типично за традиционалната архитектура на овој регион, и формирање на неколку „џардини“ (растојанија), секој со свој базен, сите скриени од погледи со цел да се заштити интимноста на овие градини.

8

Зелениот амбиент и недопрената природа над населбата генерираат слободна архитектонска композиција, која се манифестира во модерниот пристап на живеење, каде суштинскиот комфор се сведува на живеење во симбиоза со природата и уживање во прекрасните глетки на локацијата.

9

7

5

3

6

Испрати коментар

Scroll To Top