Насловна / Хортикултура / Десетте најголеми имиња во пејзажната архитектура

Десетте најголеми имиња во пејзажната архитектура

Доколку професијата ви е тесно поврзано со проектирање или уредување на просторот со употреба на растенија како основен материјал знаете дека употребта на зеленило е неминовно во секој дел од човековото окружување. Мегутоа тоа понекогаш не е така лесно како што изгледа со што само по себе претставува предизвик. Во такви ситуации потребна е поголема стручност или дополнително истражување во врска со конкретната проблематика. Следните десет имиња се професионалци кои поседуваат стручност и неверојатна посветеност кон работите кои ги креират.

10. Пол Томпсон

            Пејзажен архитект кој претставува водечка фигура на австарлиската сцена. Четириесет годишното искуство кое го поседува најдобро се согледува во дизајнот на саден материјал во „Австралиската градина“, победник на престижната награда за Светско пејзажно остварување за 2013 година.
The-Australian-Garden-by-Taylor-Cullity-Lethlean-and-Paul-Thompson-20

9. Ноел Кингсбери

            Градинар од детството, Кингсбери е истражувач, учител и иноватор. Познат е по својот натуралистички пристап во дизајнот на садење, а заговорник е на новиот начин на користење на перените, кои најмногу ги употребува во своите дизајни. Има напишано голем број на книги и трудови поврзани со градинарството.

8. Томас Реинер

            Сместен во Вашингтон, овој пејзажен архитект, професор и писател е заговорник за естетски дизајн на растенијата така што би се интерпретирала природата, наместо во целост да се копира. Негови најголеми дела се дизајнот околу споменикот во чест на Мартин Лутер Кинг, како и во Њу Јоршката ботаничка градина.

7. Том Стјуард Смит

            Стјуард Смит е британски архитект чија работа е многу позната по начинот на изразување на модерниот натурализам. До денес има освоено осум златни медали на РХС Челси цветното шоу. Како најголемо дело му се признава градината во Виндсор, која е посетена од повеќе од еден милиот посетители годишно.
smith

6. Патрик Бланк

            Светски познатиот француски ботаничар, познат по иновативноста и создавањето на концептот на вертикални градини и нивно доведување до перфекција. Блан работи како истражувач во Националниот центар за научни истражувања во Париз.
patrick-blanc-2

5. Конџиан Ју

Ју е основач на кинеското архитектонско биро Turenscape, чија работа често е фокусирана на пејзажни решенија прилагодени на поплави и еколошки кризи. Тој се стреми за воведување на елитно урбано, наместо кинеското традиционално уредување.

4 . Најџел Данет

Професор Најџел Данет е познат по креирањето на динамичните и еколошки функционални пејзажи. Познат е по креирањето на интензивно колоритните ливади со полско цвеќе во околината на лондонскиот Олимписки парк. Данет исто така е стручњак за зеленик кровови, а автор е на неколку стручни книги поврзани со пејзажната архитектура.
urban-vegetation

3. Бет Чато

Еден од најценетите британски градинари во последниов пола век. Неговата слава оди до таму што многу често го нарекуваат британско национално богатство. Во суштина тој нема стручно образование во хортикултурата, а неговото големо знаење и искуство се препишува на неговата сопруга. Автор е на голем број книги каде главна тема се растенијата и нивните карактеристики.

2. Пит Удолф

Холандски дизајнер, автор и писател. Познат е по комбинирањето на едногодишни треви и перени. Едно од неговите најголеми дела е запуштената железничка станица High Line во Њу Јорк. Преку своите дела прикажува неприкосновена рамнотежа помеѓу динамиката на пролистување и цветање на садниците кои ги користи во текот сите четири годишни времиња.
new-york-high-line-1121250496_dsr-highline-09-06-5054

 1. Жил Клемент

            Французинот Клемент е пејзажен архитект, ботаничар и писател. Негово најпознато дело е паркот André-Citroën. Веке неколку година по ред Клемент ја одбива француската национална награда за пејзажни архитекти, со образложение дека таа треб да биде посветена на анонимните пејзажни архитекти – пољоделци, инжењери и шумари.
Les-Jardins-Seriels

Испрати коментар

Scroll To Top