Насловна / Вести / Потпишана спогодба за изградба на црноморски електричен кабел

Потпишана спогодба за изградба на црноморски електричен кабел

Спогодбата за изграбда на подморскиот електричен кабел под Црното Море, за пренос на електрична енергија од Азербејџан во Европа, во Букурешт го потпишале лидероте на Унгарија, Романија и Грузија. Почетокот на изградбата на електроенергетскиот кабел е предвиден за септември следната година, а пуштањето во работа се планира најдоцна за 2029 година. Кабелот од 500kV, ќе биде долг 1195 километри и ќе ги поврзува Азербејџан со Унгарија, преку Грузија и Романија и под Црното море. Инвестицијата вреди 2,3 милијарди евра.

georgia1

На потпишувањето нa спогодбата присуствувала и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Таа истакнала дека ЕУ е подготвена да обезбеди финансиска подрршка на овој проект, со оглед дека интерконекцијата е огромна шанса за Грузија, односно за нејзина трансформација во енергетски јазол во тој регион.

georgia3

Испрати коментар

Scroll To Top