Бугарските домаќинства во втората половина на 2013 година имале најниски сметки за електрична енергија во Европската Унија, објави Eurostat. Домаќинствата во Бугарија плаќале во просек 8,8 евроценти/kWh, додека просекот во ЕУ бил 20,1 евроценти/kWh. Романија со 12,8 евроценти/kWh и Унгарија со 13,3 евроценти/kWh, ја следат Бугарија како земји со најевтина електрична енергија за домаќинствата. Највисоки цени се забележани во Данска 29,4 евроценти/kWh и Германија 29,2 евроценти/kWh, јавува бугарскиот весник ‘Novinite’.
Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Бугарија со најниски цени на електричната енергија во ЕУ