Насловна / Архитектура / Училиште во Индија со мрежа од црвени ѕидови

Училиште во Индија со мрежа од црвени ѕидови

Индиското биро Sanjay Puri Architects е проектант на училишниот кампус во северна Индија, кој упатува на органскиот карактер на селата и старите градови во земјата. Училиштето сместено во Раџастан, каде температурите редовно надминуваат 35 степени Целзиусови, е со концепт кој опфаќа низа отворени и затворени простори кои обезбедуваат сенка и одмор од топлата клима. Сите училници се ориентирани кон север за да ги заштитат учениците од директно сонце.

03

7

Кампусот е распореден околу централен полузаштитен двор со повеќе аголни патеки.„Преку кој поминуваат низа линеарни трапезоидни рамки и заштитувачи од сонце, ова подрачје кое е во фокусот на објектот, постојано има променлива шема на сенка во зависност од насоката на сонцето во текот на денот“, објаснуваат проектантите и додаваат: „Основата е намерно фрагментирана допуштајќи отворените уредени простори да бидат испреплетени со просторите за учење“.

2

1

Аудиториумот, основното училиште и административниот простор ја заземаат јужната страна на парцелата, додека училниците за средното училиште, библиотеката и кафетеријата се сместени на спротивната страна од дворот. Целото училиште се отвора кон повеќенаменското игралиште и атлетската патека на север. Во целиот проект, ѕидовите под агол делуваат како заштита од сонце за да се намали топлината од источната, западната и јужната страна, што резултира со поладни внатрешни простори.

4

5

Од еколошка гледна точка, целосната потреба за електрична енергија се генерира од преостанатата енергија на цементарницата во близина. Целата вода се рециклира и повторно се користи. „Училиште во Раџастан го црпи својот карактер од органските стари градови, со неформален распоред, испреплетени отворени и затворени простори, проектирано како одговор на топлата клима, создавајќи училиште кое е истражувачко на повеќе начини“, велат Sanjay Puri.

3

6

За фасадата во боја на теракота и геометриските форми проектантите велат: „Многумина сметаат дека школските и болничките згради треба да бидат едноставни, неразмислувајќи за просториите за дружење и као да ги направите поприфатливи за оние кои во нив престојуваат. Лугето тука поминуваат часови“. Во ова училиште наставата може непречено да се одвива и на отворено.

01

05

04

02

8

Испрати коментар

Scroll To Top