Пентхаусот на 12-ти и 13-ти кат во њујоршкиот кварт Вест Челзи е проектиран на таков начин што станарите и гостите користат приватен лифт кој директно стигнува до влезната врата на станот. Покрај тоа, двата ката се споени со интересни скали опкружени со полици кои паралелно носат мноштво семејни спомени, книги, но, исто така, служат и како „ винарска визба“ бидејќи температурата и светлосните услови може да се регулираат.
Познатото архитектонско студио MVRDV е дизајнер на двата ката. На првиот кат се наоѓа голема спална соба со придружен ‘walk-in’ плакар, дневни соби, работни соби и уште една спална соба со бања. На вториот кат се кујната, трпезаријата и голема дневна соба. Потоа, тука е гостинската соба со бања, гаража за автомобили и две големи тераси со поглед на волшебниот Њујорк.