Насловна / Вести / Русија потпиша 30-годишен договор за гас со Кина

Русија потпиша 30-годишен договор за гас со Кина

WO-AS437_CRUSSI_G_20140520165621

По десетгодишни преговори, Русија и Кина денеска потпишаа договор за гас за рок од 30 години, вреден 400 милијарди долари.
Договорот меѓу руски „Газпром“ и кинеската компанија „ЦНПЦ“ ќе и обезбеди на кинеската економија природен гас, кој ќе и помогне во следните 30 години да го задржи своето темпо на раст.
Договорената цена на гасот не е објавена и таа останува „трговска тајна“.
Ако се претпостави дека вкупната вредност на договорот ја вклучува само цената на рускиот гас, тогаш сумата од 400 милијарди долари значи дека Кина ќе плаќа околу 350 долари за илјада метри кубни гас.
Русија ќе ја снабдува Кина со 38 милијарди метри кубни гас годишно преку источниот гасовод „Моќта на Сибир“, кој минува преку Сибир и стигнува до кинеските населени североисточни региони.
Меморандумот за разбирање е потпишан во присуство на кинескиот претседател Кси Џинпинг и неговиот руски колега Владимир Путин, кој се наоѓа во дводневна посета на Шангај.
Договор со Кина ќе и помогне на Русија да го прошири пазарот за извоз на нејзиниот гас, кој моментно главно оди кон Европа.

Испрати коментар

Scroll To Top