За помалку од еден месец во Тетово ќе биде предаден во употреба најголемиот трговски објект во градот и во Полошкиот регион -„РЕМ центар“ чиј инвеститор е компанијата Ренова од Џепчиште.
Новата инвестиција е во вредност од 40 милиони евра. „РЕМ центарот“ ќе го сочинуваат повеќе објекти. Меѓу нив доминантен ќе биде трговскиот центар кој ќе се протега на површина од 19 илјади квадратни метри, луксузен хотел со 5 ѕвездички на 12-от кат, панорамски ресторан на најгорниот дел од хотелот, 140 станови и 400 паркинг места на вкупно изградена површина од 60 илјади квадратни метри. Во трговскиот центар ќе има над 85 проценти од реномирани познати брендови.
Овој стопански објект ќе овозможи вработување на околу 250 работници.