Амадео Модиљани (1884–1920), италијански сликар со еврејско потекло, роден во Ливорно. Бил еден од најпознатите сликари на експресионизмот, а ова се десет работи за Модиљани и неговото дело кои треба да се најдат во секој учебник по сликарство.
Влијанието на Париз
Амадео Модиљани е роден во Италија, но цртање учел во Париз на Académie Colarossi. Во Париз, престолнината на сликарството, се запознал со делата на Тулуз Лотрек и Сезан.
Изработувал и скулптури
Го запознава Бранкуси, еден од тогаш најпознатите скулптори. Во периодот до Првата светска војна изработува скулптури, воглавном камени, инспирирани од африканската уметност.
Славен пријател
Поради своето лошо здравје (како дете боледувал од тифус и туберкулоза), Модиљани не бил примен во војска за време на Првата светска војна. Во тоа време тој сликал портрети на своите пријатели, меѓу кои бил и Пабло Пикасо.
Портрет на Пикасо
Експресионизам
Околу 1916 година, тој почнал да слика со експресионистички стил: Лицето и вратот се издолжени, линиите се фино искривени, зениците често не се гледаат, усните се ситни. Се чувствува блага иронија.
Голема серија на актови
Во 1916 година ги запознал Леополд Зборовски и неговата сопруга Ана, кои станале вистински пријатели. Модиљани ги насликал неколку пати. Тогаш ја започнал голема серија на актови кои се исклучително еротични.
Nu Couché au coussin Bleu
Жан Ебитерн
Љубовта што го одбележала неговиот живот била младата сликарка Жан Ебитерн. Ја насликал повеќе од 25 пати.
Жан Ебитерн
Најпознати дела
Меѓу најпознатите дела на Модиљани се Мадам Помпадур и Жан Ебитерн. Неговиот акт Nu couché (sur le côté gauche) беше продаден во 2018 година за 157 милиони долари, за што Сотби во тоа време изјави дека тоа била највисоката цена што ја достигнало некое уметничкото дело.
Мадам Помпадур
Nu couché (sur le côté gauche)
Единствена самостојна изложба
На 3 декември 1917 година, Модиљани за прв пат ги изложил своите платна со актови во галеријата „Берт Веил“. Тоа била неговата единствена самостојна изложба во текот на неговиот живот. Предизвика голем скандал и полицијата наредила да се отстранат платната од изложбата.
Nu couché
Морбиден
Луѓето го нарекувале Моди, што грубо може да се преведе како морбиден, додека пријателите и семејството често му се обраќале со Дедо.
Трагичен крај
Амадео Модиљани починал во 1920 година од туберкулоза. Имал само 35 години. Ден по неговата смрт, неговата вечна инспирација Жан извршила самоубиство, скокајќи од петиот кат од станот на нејзините родители. Жан била бремена во осмиот месец. Заедно се погребани на гробиштата Пер Лашез во Париз.
Жан Ебитерн