Предлогот да се вози со 30 км на час во повеќето улици на Париз, се наоѓаше во програмата на новата градоначалничка Ан Идалго. Програмата за борба против загаденоста на возухот усвоена од Советот на Париз оди во насока на ограничување на брзината на 30 км на час, јавува дописникот на МИА од Париз.
Мерката, всушност, ја проширува постоечката одредба за ограничување на бризната на 30 км/час, која е во сила за една третина од париските улици. Сепак, јасно е дека булеаврите и главните градски артерии ќе го избегнат ограничувањето на 30 км на час.